Нашата веб адреса е: https://eulos.mk.
Нашата политика за приватноста на корисниците
За да бидете контактирани од наша страна, потребни ни се име и презиме на нарачателот, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да стапиме во контакт со Вас и да Ви ги дадеме информациите кои ги барате. Во име на компанијата ЕУЛОС ДОО се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши клиенти. Ги собираме само неопходните основни податоци за клиентите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во ЕУЛОС ДОО кои имаат пристап до личните податоци се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме за други цели ниту ќе ги проследуваме до трети лица. ЕУЛОС ДОО не ги пренесува и проследува собраните лични податоци на меѓународни организации или трети земји. Податоците ги чуваме и обработуваме врз принципот на законитост, правичност и транспарентност за конкретни, јасни и легитимни цели.
Дополнително, собираме единствено минимален обем на податоци кои се потребни за целта на обработката. Личните податоци ги обработуваме на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички и организациски мерки.
Корисникот има право во секој момент да поднесе приговор до ЕУЛОС ДОО на личните податоци и да побара корекција на неточни податоци, ограничување на обработката на лични податоци, како и бришење на лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци. Корисникот може и во секој момент да изјави дека ја повлекува согласноста неговите лични податоци да бидат обработувани од страна на ЕУЛОС ДОО.
Покрај погоренаведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.
Eulos.mk користи тнр. „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на тнр. сookies е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.
Податоците на клиентите (корисниците) придобиени од формуларот не се чуваат од страна на ЕУЛОС ДОО. Доколку сте регистрирани на нашата интернет страна или сте пополниле онлајн формулар за добивање производи и услуги од ЕУЛОС ДОО, врз основа на писмено барање имате право:
– Да бидете информирани кои категории лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на Вашите лични податоци,
– Да пристапите до Вашите лични податоци,
– Да ги дополните, измените, избришете или да изберете запирање на нивната понатамошна обработка,
– Да ги дознаете корисниците или категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени Вашите лични податоци,
– Да дознаете други информации за Вашите лични податоци согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и другите важечки прописи од областа на заштита на личните податоци.
Корисникот има право во секој момент да поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци доколку смета дека обработката на неговите лични податоци ги прекршува одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса:
eulos_sr@yahoo.com
Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.
СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ
Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Eulos.mk се обврзува дека ќе се придржува до се претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа страница и праќање на известување по емаил до сите регистрирани корисници.
Доколку имате било какви прашања, предлози или барања поврзани со собирањето и обработката на Вашите лични податоци, во секој момент може да го контактирате нашето лице за заштита на лични податоци.
Лице за заштита на личните податоци
Наке Трбогазов
Телефонски број: +389 72 234 499
e-mail: nake@eulos.mk
Активностите на обработка поврзани со online услугите достапни преку нашата интернет страна, се извршуваат од страна на нашиот технички персонал одговорен за овие услуги или останати лица задолжени за извршување на активностите. Активностите за обработка поврзани со нашите услуги се извршуваат од страна на нашите вработени, согласно нивните работни задолженија, по принципот “треба да се знае“.
Собраните лични податоци се обработени во согласност со одредбите од позитивните прописи од областа на заштита на личните податоци.